Случувањата во Европа сѐ повеќе наликуваат на времето пред Втората светска војна

Фото: Профимедиа

Тероризам насочен кон евреите во Германија веќе долго време не e честа појава, но ова е само последниот напад во низа врз синагоги и генерално врз евреите на Западот во последните години.

Во нападот на синагога во Питсбург во октомври 2018 година, американски неонацист застрела 11 луѓе. Во нападот во градот Пауеј во Калифорнија во април оваа година, уште еден неонацист уби една особа, но само поради чиста среќа – заглавениот куршум во полуавтоматската пушка на напаѓачот спречи масакр, пишува хрватски Индекс.

За импликациите на вчерашниот напад во Германија врз синагогата, реагираше претседателот на еврејската општина во Загреб, Огњен Краус.

– Нема работи кои стануваат во минатото. Знаете, вакви работи се случуваат години наназад и цело време се предупредува на сѐ поприсутниот антисемитизам. А исто така гледаме дека вакви работи може да се случуваат во Германија, која има најригорозни закони за казнување на неонацистички повици. Антисемитизмот е во пораст и во Германија и во цела Европа, и тоа за жал е фактичката состојба – коментира Краус.

Тој истакна дека од овој тренд не е изолирана ниту Хрватска.

– Единствено со воспитување и реално гледеање на минатото можеме да спречиме раст на десничарскиот екстремизам, нешто за што особено предупредуваме во Хрватска. Во однос на испадите на антисемитизмот, морам да кажам дека нема многу. Но, во однос на оние наицоналистичките, верските и другите испади, тие ги гледаме секојдневно, но на нив не се реагира адекватно. Според тоа, ова е предупредување за сите нас – смета тој.

Тој додава дека таквите закани треба  да се казнуваат, а доколку не се случува тоа, испадите се очекувани.

– Настаните во Европа и Хрватска во последните годни потсетуваат на годините пред Втората светска војна, а антисемитизмот секогаш тлееше – заклучува Краус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот