Случајот со Комитите премина во рацете на ОЈО

Се очекува кривични пријави да заработат околу 16 членови на навичката група „Комити“ за инцидентот кој се случи викендов во населбата Ѓорче Петров. Сепак, истрагата продолжува и се преземаат дополнителни мерки, информираат од МВР.

Денеска во Ѓорче ечеше „Мртов шиптар, добар шиптар“ (ВИДЕО)

– Беа преземени сеопфатни мерки и активности во насока на расчистување на истите, утврдување на фактите во врска со настаните и идентификација на инволвираните лица во истите, преку обезбедување на видео записи, разговори со лица инволвирани во настаните и др., соопштија од Министерството.

Идентификувани 16 навивачи кои скандираа „мртов шиптар, добар шиптар“, повикани се на раcпит во станица

Оттаму додаваат дека за настанот од Ѓорче Петров веќе е известено и Основното јавно обвинителство.

– МВР апелира до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик, порачуваат од МВР.

Инцидентот се случи викендов кога дел од навивачитесо навреди на етничка основа скандираа кон граѓани од колона возила, кои со албански знамиња биле тргнати на свадбена прослава.

Шилегов: Добро знаете кој „командува“ со навивачките групи

Претходно „Комитите“ соопштија дека нивни членови не требало да влегуваат во конфликт со лица кои не се членови на навивачка група и побараа МВР да започне истрага и за лица вработени во МВР, кои биле дел од свадбарите, а како што велат, извадиле оружје и ја злоупотребиле службената положба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот