Случајот „Рекет“ актуелен и во регионот

Фото: Слободен печат

Во регионов во последните два дена будно се следи случајот „Рекет“, па така, многубројни медиуми постојано пишуваат за приведените Боки 13 и Зоран Милевски кичеец.

Медиумите известуваат и за вчерашното барање на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, шефицата на специјалното обвинителство, Катица Јанева, да биде притворена откако полицијата го зема нејзиниот мобилен телефон како дел од истрагата за изнудувањето пари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, рече дека апсењето на две лица за наводна изнуда е „театар“ со кој се заштитуваат вистинските криминалци, односно Катица Јанева, пишува српскиот РТС.

Бројни медиуми објавија и текстови со наслов: Аферата „Рекет“ ја тресе Македонија: „Падна“ Боки 13, а под истрага е и еден јавен обвинител“.

Српскиот портал Курир.рс, исто така постојано објавува детали од апсењето и престојот во затворот во Шутка на Боки 13.

Медиумите во регионот ја пренесуваат и изјавата на премиерот Зоран Заев дека отворањето на истрагата во случајот на „Рекет”, во која беше уапсен Бојан Јовановски, познат како шоумен „Боки 13″, покажува јасна и недвосмислена борба против криминалот и корупцијата во земјат и дека овој случај нема да влијае на кредибилитетот на Специјалното обвинителство, што предизвикува бура од реакции со оглед на тоа што главниот збор во СЈО го имаше Јанева, за која опозицијата побара притвор поради сомнеж за нејзината вмешаност во рекетарската афера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот