Случајот „Плацови на Водно” продолжува со сослушување на сведоци

Плацеви на Водно
Фото: МИА

Судењето за случајот „Плацови на Водно”, денеска продолжува со искази на сведоци предложени од обвинителството. Актуелно во Кривичниот суд Скопје, се сослушува сведокот Менка Макаревска, која во својство на адвокат ја објаснува процедурата на регистрација на фирмата „Сирах Инжинеринг”’, која според обвинението се јавува како купувач на плацовите на Водно.

– Како адвокат работам на граѓанска материја, стопанско право. Фирмата „Сирах Инженеринг” е основана во 2012 година. Во врска со основање на фирмата, адвокатот Серјожа Марков ме престави кај Александар Ивановски-Алек. Фирмата ќе се основаше со странски капитал. Ова фирма ќе се занимаваше со градежништво, кажа сведокот Макаревска.

Воедно, денеска свое сведочење во овој предмет треба да даде и Миле Јанакиевски, поранешен министер за транспорт и врски

Овок случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот