СЛУЧАЈОТ НАТАША КАМПУШ: Ме тепаше по 200 пати неделно, ме изгладнуваше, ми ја бричеше главата, а после сакаше прегратка (ВИДЕО)

Пред точно 13 години 18-годишната тинејџерка трчајќи дошла до куќа во Страсхоф, населба во близина на Виена.

Нејзиниот киднапер извршил самоубиство по нејзиното бегство, и не одговарал за она што го направил. На прашањето дали е точно дека му простила на Приклопил сè што ѝ направил, Наташа одговорила потврдно.

„Да, вистина е. Му простив, Еднаш дури отидов на неговиот гроб“, открила Наташа.

Тој е закопан на тајна локација, а на неговиот гроб е напишано лажно име и презиме.

Зошто била на неговиот гроб, како и зошто во телевизиското интервју заплакала кога го коментирале неговото самоубиство, таа не сака да зборува.

Деновите поминати како затвореничка никогаш нема да ги заборави. Кога по осум години успеала да се извлече од подземниот затвор, имала само 48 килограми.

Од десеттата година до полнолетството, поради лошата исхрана, постојаното злоставување, кое подоцна вклучувало и сексуално насилство, пораснала само 15 сантиметри.

Пеколни 8 години

На кобниот 2 март 1998 година Наташа се скарала со мајка ѝ која ѝ замерувала што претходната ноќ ја поминала кај татко ѝ. Истрчала од куќата без поздрав. Додека одела кон училиштето од бело комбе одеднаш излегол маж. Насилно ја турнал внатре и комбето со голема брзина се оддалечило. Следните осум години никој не знаел ништо за неа.

Прикопил бил пореметен, но многу интелигентен човек кој за неа направиол посебен затвор во неговата куќа во Страсхоф. Ја ишишал ќелава, ја понижувал и ја терал на тешка работа.

 

„Ме тепаше по 200 пати неделно, ме изгладнуваше, ми ја бричеше главата, а после сакаше прегратка“, се присетува Наташа.

Ја чувал во подземната собичка, од 5 квадрати, во која таа требала да ги задоволи сите свои потреби, тука ѝ бил тоалетот, а единствениот контакт со надворешниот свеж воздух било преку вентилацискиот систем.

Никој не можел да ги слушне нејзините крици. Јасно ѝ ставил до знаење дека нејзиниот живот ќе биде пекол.

 

Систематски ја изгладнувал. Со денови не ѝ давал ништо да јаде, а после ѝ давал само парче леб.

Притоа постојано ѝ го покажувал изобилието од храна што ја имал во куќата, а по неколку години почнал да ја тера и да му готви.

Била казнувана за секоја ситница, дури и ако го погледнела во очи. Казните биле различни, од претепување до повеќедневно изгладнување.

По две години затвор Прикопил почнал да ѝ носи книги, весници, имала радио, а гледала и телевизија, но емисии кои само тој ги одбирал. Постепено неговата суровост попуштала и тој почнал да ѝ допушта повремено да излегува од подземната соба и во негово присуство да се шета низ дворот.

Ја предупредил дека носи пиштол и дека ќе ја убие ако се обиде да си замине.

Бегство по 8 години

На 23 август 2006 година, Наташа со правосмукалка го чистела неговиот автомобил. Некој му се јавил на телефон и тој се оддалечил за да не му пречи бучавата од правосмукалката.

Наташа ја оставила вклучена правосмукалката и побегнала од дворот. Трчала низ дворовите и по улицата околу 200 метри, а на оние што ги среќавала им велела да викнат полиција, ама никој не се одзвал на нејзините молби.

По 5 минути чукнала на прозор од една куќа и се претставила.

„Ве молам, помогнете ми, моето име е Наташа Кампуш, викнете полиција“, ѝ рекла на запрепастената жена која гледала низ прозорецот на својата куќа, која веднаш викнала полиција.

Кога Прикопил дознал дека полицијата трага по него, се самоубил скокајќи под воз.

По неговата смрт Наташа изјавила дека тагува без оглед на сè.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот