Случајно или не, повторно одложени „Шамарите во Центар“

Фото: Слободен печат

Во Основен суд Скопје 1, денес, беше одложено судското рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“, на Специјалното јавно обвинитлество, за 5 и 19 јуни. И овој пат причина за одложување беше потребата обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, да присуствува на рочиштето за случајот „Т.Н.Т.“, исто случај на СЈО, кое се случуваше во исто време, ама во друга судница.

Не може, а да не се забележи дека во последно време многу често се случува одложување на судски рочишта, особено оние на СЈО, заради поклопување на термини.

Оваа пракса неминовно укажува за неажурнотста на судот при правење на распоредот на рочиштата.

Во случајот „Насилство во Општина Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие се товарат за поттикнување и извршување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот