Случај за истражните органи: Продажба на бесплатни анти-ковид вакцини во В. Британија

Фото: EPA-EFE/Jacquelyn Martin / POOL

Велшките власти го свртија вниманието на граѓаните со случаи на измама со вакцини за ковид-19, каде што луѓе давале пари за вакцини кои инаку се бесплатни, а некои жртви добија такви вакцини од непознато потекло и во Велс и во други делови на Велика Британија.

Националната здравствена служба (НХС) во моментот обезбедува бесплатна имунизација во Велика Британија, а министерот за здравство на Велс, Фон Гетинг ја предупреди јавноста за измамата што се случува со вакцините против ковид-19.

– Постојат голем број измами за вакцина против ковид-19, вклучително и особено сериозен чин во кој луѓето беа измамени да плаќаат за непозната вакцина за коронавирус, а потоа и да ги вакцинираат, рече Вон Гетинг на прес-конференција.

– Сакам да бидам јасен, нашата Национална служба никогаш нема да побара некој да плати за вакцината против ковид-19. Тие се бесплатни. НХС никогаш нема да ги побара вашите банкарски податоци и вакцините не ви се доставуваат на влезната врата од луѓе кои не се идентификувани како вработени во НХС, изјави тој.

Предупредувањето на министерот следуваше откако Националната агенција за криминал (НЦА) минатата недела ја повика јавноста да биде будна, известувајќи дека измамниците бараат од постарите и ранливите луѓе компензација за пристап до лажни или непостоечки вакцини.

Лондонската полиција во петокот објави дека измамник одзел 160 фунти од 92-годишна жена за наводна вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот