Случај во САД: Додека била бремена примила анти-ковид вакцина и го роди првото бебе со антитела

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

Жена од Јужна Флорида, која примила доза на анти-ковид вакцина за време на бременоста, го донесе на свет првото бебе со антитела на коронавирусот, тврдат двајца педијатри.

– Лекарите го претставија своето откритие во претходно отпечатена статија, што значи дека нивните тврдења допрва ќе треба да бидат потврдени, пренесува „Гардијан“.

Лекарите Пол Гилберт и Чад Рудник рекоа дека мајката ја примила првата доза вакцина на „Модерна“ во јануари, во 36-тата недела од бременоста, а три недели подоцна роди силно и здраво девојче.

Истражувачите ја анализирале крвта на бебето од папочната врвца и откриле антитела за време на раѓањето, се наведува во написoт.

– Според наши сознанија, ова е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата, изјави Гилберт за огранокот на „Еј-Би-Си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот