Случај „Таргет-Тврдина“: Рочиште за нови докази во Кривичен суд

Фото: sud.mk

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет”.

На претходното рочиште свои искази дадоа неколку сведоци, кои зборуваа за поддршката од надвор во системите за следење на комуникации, односно за формирање на Комисијата за поништување на опрема на УБК.

Обвинети во предметот се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над 4.000 телефонски броеви во периодот меѓу 2008 година и 2015 година.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапувано од обвинителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина” е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот