Случај кој ги вознемири жителите на Делчево: Животно спакувано во кутија и оставено до контејнер

Фото: МИА

Животно спакувано во кутија оставено до контејнер во Делчево. Ваква е денеска глетката на паркингот зад зградата кај Здружението на пензионери во Делчево.

Револтиран граѓанин на социјалните мрежи сподели фотографии од спакуваното животно, притоа извинувајќи се на граѓаните за лошата глетка на паркингот.

-Прво ќе објавам пост и веднаш ќе се извинам за грозните слики што ќе ги објавам. И се прашувам во кој век живееме, мајки, татковци, деца, баби, дедовци, сите од овде поминуваме. Сликите се од над пензионерскиот дом на паркингот. Врв на се е животно спакувано во кутија и оставено на тротоар. И пак се прашувам во кој век живееме, вели граѓанин кој ја регистрира грдата глетка, вели граѓанин на Делчево кој ја регистрираше глетката.

-Ова место е депонија во центарот на градот, несовесни, застануваат со авотмобил, исфрлаат и бегаат, вели граѓанин кој живее во близина на паркингот.

Надлежните велат дека ваквата состојба никому не му оди во прилог, во насока на чиста животна средина. Додаваат дека редовно се чистат контејнерите на овој потег од градот, но дека несовесноста е посилна кај одредени луѓе и оваа слика се повторува неколку пати. Побараа да се истражи целиот случај, а сторителите да бидат казнети.

Во текот на вчерашниот ден граѓани посведочија за слична ситуација кај спортските терени на Голак. На повеќето фотографии од овие терени можеше да се забележи отпад кој беше расфрлан до блиските контејнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот