СЛУЧАЈ „ЕРАЗМУС“: Професорот Шуклев за преодна оценка барал секс или илјада евра

Ексвработен во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус”, во судницата рече дека професорот Бобек Шуклев од студентка барал секс или пари, во замена за преодна оценка, пренесува Макфакс.

Трајковиќ бил посредник помеѓу две студентки и професорот и тврди дека не дошло до договор за секс во замена за оценка. Сведокот во исказот кажа дека тој очекувал, исто така, да добие сексуални услуги од девојчињата во замена за посредувањето меѓу нив и професорите.

-Професорот Бобек најчесто доаѓаше во бифето. Со него имав доручкувано, а сме разговарале за многу работи. Имавме седено со две девојчиња кои доаѓаа во бифето. Тие бараа оценка кај професорот Бобек Шуклев во неколку наврати. Кога седевме јас и девојчињата во бифето, професорот доручкуваше. Тие ме прашаа дали може да се реагира кај професорот да се добие оценка. Јас го прашав. Тој праша како се вика и потоа рече дека нема шанси оти била слаба студентка. Потоа пак ме викна и ми кажа дека ако има секс со неа ќе ѝ стави оценка или во спротивно треба да плати околу 1.000 евра. Му кажав на девојчето, по што, таа рече дека ќе си плати, но нема да има секс со него. Јас му пренесов. Професорот ми рече дека многу би сакал да има секс со нејзе, но ако нејќе, да си плати. Му пренесов на девојчето- рече сведокот Трајковиќ.

Во својот исказ, Трајковиќ рече дека не знае како се викаат девојчињата. Тој додаде дека секој професор имал различна тарифа за да дадат преодна оценка на студентките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот