Случаите на сифилис во Европа се зголемиле за 70% поради сексот помеѓу мажите

Случаите на сифилис во Европа се зголемиле за 70 отсто од 2010 година, главно поради поризичниот секс помеѓу мажите. Ова се наведува во извештајот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести цитиран од „Ројтерс“.

Весникот нагласува дека за прв пат од крајот на векот, сифилис се зголемува.

Минатиот месец, Светската здравствена организација објави дека околу еден милион луѓе дневно во светот се заразени со сексуално преносливи болести.

Повеќе од 260.000 случаи на сифилис се регистрирани во Европа од 2007 до 2017 година.

Во 2017 година, тие се 33.000 – повеќе од новите случаи на заразени од ХИВ.

Проблемот варира во голема мера меѓу земјите, како што се Велика Британија, Германија, Ирска, Исланд и Малта каде што бројот на заболните се удвоил, а кај други како Естонија и Романија опаднал за 50 проценти.

Речиси две третини од случаите од 2007 до 2017 се за мажи кои имаат секс со мажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот