СЛОВЕНСКИОТ ПРЕМИЕР ПРЕДУПРЕДУВА: Во соседството се буди фашизам

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Словенскиот премиер Марјан Шарец денеска предупреди дека во соседството на Словенија повторно се буди „фашизам, нацизам и слични идеи“, а тоа го кажа по повод објавувањето на географски карти во Италија и Унгарија, на кои делови од словенечката територија се прикажани како делови од тие држави.

– Слеп е оној кој не гледа дека нацизмот и фашизмот повторно се раѓаат и во нашето соседство – потенцираше Шарец.

– Повторно се цртаат географски карти и се обновуваат стари традиции, па дури и повици за попис на словенското малцинство во соседните држави, за да имаат што помалку права – вели Шарец.

Тој рече дека Словенија сака добрососедски и пријателски односи со земји сите во светот.

– Сепак не смееме да молчиме кога повторно се раѓаат нацистички, фашистички и слични идеи – заклучи Шарец.

Словенија порано денеска ја осуди како провокација историската географска карта на Унгарија која вклучува голем дел од Словенија, а која на Твитер ја објави кабинетот за меѓународна комуникација на унгарската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот