Словенска банка прогнозира пад на економијата во минус

За следната година се предвидува раст од 4,9 отсто, а за 2022 растот ќе изнесува 3,6 отсто.

Економијата годинава ќе биде во минус, односно бруто домашниот производ (БДП) ќе падне за 6,5 отсто, се вели во најновата прогноза на Банката на Словенија.

Причина за падот на економијата според банката е светската пандемија на коронавирусот што длабоко ќе се одрази на претежно извозно ориентираната индустрија на земјата.

По овогодишниот пад, за следната година се предвидува раст од 4,9 отсто, а за 2022 растот ќе изнесува 3,6 отсто.

– Падот на БДП во Словенија според проценката, е помал во споредба со предвидувањата на Европската централна банка, која предвидува економијата на унијата годинава во просек да опадне за 8,7 отсто, изјави Јозеф Брадешко вицегувернер на Банката на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот