Словенка поради страв од коронавирусот претерала со дезинфекција, па завршила во болница

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Таа по пријателски бакнеж со познаник за кој во тој момент не знаела дека престојувал во Азија, своето лице го третирала со концентрирано дезинфекциско средство, што завршило со поблаги изгореници и силна болка, па таа морала да побара помош во амбулантата на итната помош.

Дека епидемијата од коронавирусот ја следи неподребна паника, со сопствен пример докажа 40-годишна жена од околината на Копер, која поради жестока дезинфекција завршила во болница, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Како што пренесуваат локалните медиуми, таа по пријателски бакнеж со познаник за кој во тој момент не знаела дека престојувал во Азија, своето лице го третирала со концентрирано дезинфекциско средство, што завршило со поблаги изгореници и силна болка, па таа морала да побара помош во амбулантата на итната помош.

Инфектологот Алојз Ихан тврди дека паниката поради новиот коронавирус, од кој во Словенија се уште нема заболени, нема смисла бидејќи стапката на смртност кај оваа зараза е приближно иста како и кај обичниот грип.

Во Словенија досега поради сомнение на заразата со корона се тестирани шест лица, но резултатите кај сите биле негативни.

Националниот институт за јавно здравје на Хрватска преку соопштение информираше дека морталитетот од споменатата зараза во Кина засега се проценува на два до четири отсто, и дека смртноста е поголема кај постарите лица со хронични болести.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, штетите од појавата на новиот коронавирус краткорочно би можел да ги почувствува и словенечкиот туризам, бидејќи во последните години е забележан пораст на туристички групи од Азија, и од Кина, а сега се откажани повеќе такви групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот