Словенија во сабота ги отвора ски-центрите: За влез е неопходен негативен тест на коронавирус

Фото: Ian Middleton / Alamy / Profimedia

Скијачките центри во деветте региони во Словенија повторно ќе бидат отворени од сабота, пишува Танјуг.

Сите скијачи, освен децата помлади од 12 години, ќе мораат да прикажат негативен тест на коронавирус не постар од 24 часа и да ги почитуваат строгите правила за јавно здравје, пренесува СТА.

Менаџерите на ски-центрите можат да организираат тестирање на лице место или едноставно да побараат од скијачите да прикажат негативен тест направен во Словенија.

Ако ситуацијата продолжи да се подобрува, во иднина може да се прекинат барањата за тестирање.

Во големите скијачки центри, меѓу кои Похорје, Рогла и Копе, тестирањето ќе биде организирано на лице место, додека скијалиштето Вогел ќе организира тестирање во Бохињска Бистрица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот