Словенија се кандидира за непостојана членка во Советот за безбедност на ОН

Знаме на Словенија/ Фото: МИА

Словенија денеска официјално ја објави својата кандидатура за непостојана членка на Светскиот совет за безбедност на ОН за периодот од 2024 до 2025 година, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

Советот за безбедност се состои од 15 земји-членки на ОН, од кои пет се постојани (САД, Кина, Франција, Обединетото Кралство и Русија), додека непостојаните членки се избираат со мандат од две години.

Откако стана членка на ОН во 1992 година, Словенија двапати се кандидираше за една од непостојаните членки на Советот за безбедност, еднаш успешно.

Државата беше избрана за непостојана членка на Советот за безбедност за периодот 1998/1999 година, додека во 2011 година се кандидираше, но беше избран Азербејџан, кој доби повеќе гласови од Собранието на ОН.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот