Словенија сака да ја воведе вакцината Спутник В и чека одобрение од ЕМА

Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Словенија ја стави руската вакцина Спутник В на својата листа на кандидати за кампањата за имунизација против Ковид-19 и чека одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) за овој препарат.

– Советодавната група за вакцинација неодамна препорача да се набават сите вакцини што ги разгледува ЕМА. Ние го сторивме тоа, така што, откако ќе биде одобреао, можеме да започнеме со употреба на вакцината веднаш за да не губиме време, изјави шефицата на националната советничка група за имунизација Бојана Беовиќ.

Руските медиуми на 12 април објавија дека експерти од Европската агенција за лекови престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината Спутник В, наведувајќи дека претставниците на ЕМА исто така ќе ги посетат производствените капацитети.

Словенија досега вакцинирала вкупно 360.450 лица против коронавирус, што е 17,2 проценти од населението, а 136.582 примиле две дози од вакцината, претежно Астра Зенека и Фајзер.

Словенија, исто така, набави вакцини од Џонсон и Џонсон, но не ги користи, чекајќи нова одлука од европското регулаторно тело, откако САД привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот