Словенија разгледува пакет мерки кои би им овозможиле на компаниите да продолжат со работат

Јанез Јанша/ Фото Архива на Слободен печат

Со законските решенија се предвидува дополнително кредитирање на претпријатијата, каде државата ќе гарантира 70 до 80 од главницата на кредитот.

На вонредна седница пратениците во Словенија расправаат за новиот пакет закони со кои се предвидуваа парична помош во висина од две милијарди евра наменети за спас на економијата погодена од епидемијата на новиот коронавирус.

Претходно решенијата на Владата ги образложи премиерот Јанез Јанша, кој кажа дека ваквиот Закон во овој момент е доволен компаниите да продолжат да работата.

– Дали две милијарди евра се доволни да ја задржи ликвидноста на економијата? Ова според мене ќе биде доволно деловните субјекти да не го прекинуваат производството и да не се отпуштаат работници, истакна Јанша.

Со законските решенија се предвидува дополнително кредитирање на претпријатијата, каде државата ќе гарантира 70 до 80 од главницата на кредитот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот