Словенија: Премиерот Шарец најави оставка и побара вонредни избори

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Со ваква коалиција и со ваква ситуација во Парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност да го направам тоа по изборите, истакна Шарец на прес-конференција.

Премиерот на Словенија, Марјан Шарец најави дека денеска ќе поднесе оставка од функцијата.

Шарец истакна дека со малцинската коалиција не може да постигне се тоа што планира да го направи и побара вонредни избори.

– Со ваква коалиција и со ваква ситуација во Парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност да го направам тоа по изборите, истакна Шарец на прес-конференција.

Тој додаде дека неговата малцинска Влада не може да ги усвои важните закони.

Претходно, словенечкиот министер за финансии Андреј Бертонцељ поднесе оставка. Според словенечката новинска агенција СТА, најверојатно причина за оставката е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот