Словенија планира да им наплаќа болнички трошоци на невакцинираните

ковид-19 болниц
Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Во Словенија која деновиве има пад на епидемиолошките трендови но сѐ уште има оптоварн здравствен систем со волни од ковид-19 се размислува за воведување некаков вид парично казнување на оние кои не се вакцинирани, а ќе завршат во болниц поради коронавирус.

Ова во разговор за Словенско радио го потврди Бојана Бејовиќ, главниот инфектолог во владиниот совет за епидемија и претседателка на Лекарската комора.

-На една страна се оние кои беа одговорни и се вакцинираа, а на друга оние кои не сакаат да се вакцинираат но сепак ги уживаат сите бенефиции, вели Беовиќ, додавајќи дека затоа има иницијативи невакцинираните кои ќе завршат в болница да платат дополнителна партиципација, односно дел од трошоците за свото лекување.

Таа смета дека плаќање партиципација за невакцинираните би било праведно решение. Сепак, Беовиќ е против воведување задолжителна вакцина оти смета дека тоа би имало спротивен ефект и би предизвикало јавно противење на имунизацијата. Таа смета дека некои работодавачи би требало на своите вработени да им определат вакцинација како услов за работа, но само ако за тоа постојат законски можности.

Во Словенија во последните 24 часа има 2.100 нови заразени од коронавирус, односно околу 500 помалку отколку претходните денови. Но, бројот на хоспитализирани сѐ уте не е опаднат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот