Словенија одлучи: „Копањето“ криптовалути мора да се оданочува

крипто биткоин
Илустративна фотографија / Архива на Слободен печат

Финансиската управа на Словенија (Фурс) предупреди дека „копањето“ криптовалути и тргувањето се активности кои мораат да бидат соодветно регистрирани и оданочувани.

Во последниот голем случај едно лице беше оданочено поради „копање“ со 100.000 евра.

Во контролата е утврдено дека физичкото лице „копало“ виртуелни валути, а приходите ги има претставено како приход од извршување дејности, затоа што тоа лице остварувало редовно и постојано тргување, а притоа таа активност не е регистрирана.

– Наоѓањето на работа на црно резултираше со фактот дека физичкото лице поднело сам пријава врз темел на која уплатил речиси 100.000 евра данок на добивка од извршување дејности – објасни Управата за финансии.

Колку луѓе во Словенија се занимаваат со трговија на криптовалута или со „копање“ не е познато. „Копањето“ со криптовалути според стандардната класификација е една од активностите за обработка на податоци и сродни активности, а трговијата со криптовалути е сместена помеѓу останатите некласифицирани пропратни деловни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот