Словенија од полноќ целосно го забранува собирањето на јавни места

Архива на СП

Граѓаните сепак ќе можат да излегуваат доколку одат на работа, лекар, аптека или по набавка на храна.

Словенечката Влада на вонредна седница вечерва донесе одлука времено целосно да го забрани движењето на граѓаните и собирањето на јавните места, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Одлуката почнува да важи од полноќ, а има за цел да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот. Граѓаните сепак ќе можат да излегуваат доколку одат на работа, лекар, аптека или по набавка на храна.

Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс за Телевизија Словенија изјави дека казните за непочитување на ваквата одлука ќе изнесуваат и до 400 евра.

Дополнително Владата размислува и на армијата да и се дадат полициски овластувања, но за тоа да се случи потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, а пратениците засега не се за воведување таква радикална мерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот