Словенија нема да ја тргне соседна Хрватска од списокот на епидемиолошки безбедни држави

фото Архива

Словенија нема да ја тргне соседна Хрватска од списокот на епидемиолошки безбедни држави, чии граѓани без ограничувања можат да патуваат во и од земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

И покрај најавите дека тоа може да се случи по големиот раст на новозаразените во Хрватска, сепак, барем засега земјата останува на словенечката таканаречена „зелена листа”, објави прес службата на Владата.

Официјална Љубљана добила информации дека Хрватска донела одлука за ги затвори ноќните барови и дискотеките, бидејќи локалните здравствени власти сметаат дека тие се жариштата каде што се шири заразата.

Инаку, само во Загреб денес се потврдени 19 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот