Словенија ќе одвојува по 150 евра помош за студентите

Министерката за образование Симона Кустец најави дека во иднина ваква помош би добивале и вонредните студенти кои имаат пријавено престој во Словенија.

Министерството за образование на Словенија објави дека досега над 46.000 редовни студенти аплицирале за добивање директна државна финансиска помош.

Собранието изгласа Закон за помош на повеќе категории граѓани, меѓу кои и на студентите, кои од државата ќе добиваат по 150 евра за да можат полено да ја поминат епидемијата на коронавирусот.

Министерката за образование Симона Кустец најави дека во иднина ваква помош би добивале и вонредните студенти кои имаат пријавено престој во Словенија.

Кустец кажа дека по Првомајските празници ќе биде се многу појасно и тогаш ќе се донесе одлуката кога учениците повторно ќе седнат во школските клупи.