Словенија им наложи на банките да најдат пари за брзо задолжување

Властите повторно се задолжуваат за да и помогне на економијата погодена од епидемијата.

Словенечката Влада реши повторно да е задолжи за да може да им помогне на граѓаните и економијата погодени од епидемијата на коронавирусот.

Владата им даде налог на банките да најдат пари за брзо задолжување.

Словенечкиот министер за финансии Андреј Ширцељ најави дека ќе се направат и законски измени, кои ќе и дозволат на земјата поголемо задолжување, а кажа дека се подготвува и ребаланс на буџетот.

Словенија во јануари веќе се задолжи за една и пол милијарда евра. Дел од парите за финансиска поддршка на економијата, што беше дел од т.н. „Мега корона Закон”, беа добиени од Европската централна банка, која на земјата и даде заем од една милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот