Словенија и Хрватска немаат ниту еден случај на крвни згрутчувања од вакцината на „Астра-Зенека“

Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Словенија засега нема да ја менува стратегијата на вакцинација против коронавирусот, па со „Астра-Зенека“ и понатаму првенствено ќе се вакцинираат лица од 60 до 65 години, изјави водечкиот словенечки инфектолог Бојана Беовиќ.

Беовиќ наведе дека веројатно до промена ќе дојде кон средината на април, кога според најавите би можела да биде достапна и вакцината од производителот „Џонсон и Џонсон“.

-Мислам дека до тогаш за нови пристапи ќе одлучат и други европски држави кај кои се забележани појави на крвни згрутчувања кај вакцинираните, рекла Беовиќ за словенечките медиуми.

Таа смета дека Словенија во идниот пристап кој вакцинацијата ќе ја следи праксата на најголемите европски држави.

За вчерашната одлука на Европската агенција за лекови (ЕМА) за вакцината на „Астра-Зенека“ и можните ризици, министерот за здравство на Словенија, Јанез Поклукар изнесе податоци дека во Словенија досега немало ниту еден случај на појава на крвни згрутчувања.

Словенија досега повеќе пати го промени пристапот за користење на вакцината на „Астра-Зенека“, па најстарите добиваа исклучиво од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, а со „АстраЗенека“ која ја имаше најмногу на располагање, беа вакцинирани младите, меѓу останатите и вработените во училиштата, во масовната акција за вакцинација на населението во март.

Во Хрватска исто така немаше случаи на крвни згрутчувања

Хрватска нема доволно податоци за да ги менува препораките за вакцинирање со „АстраЗенека“, рекол епидемиологот Бернард Каиќ.

Каиќ смета дека треба да продолжи вакцинацијата со „АстраЗенека“ се додека нема докази дека некоја група на граѓани не треба да се вакцинираат.

Според неговите зборови, во Хрватска немало случаи на крвни згрутчувања.

-Не знам зошто од почетокот имаше толку проблеми со вакцината на „Астра-Зенека“? Со време се покажа дека при масовно користење во Европа и Велика Британија увидоа дека придобивките се практично еднакви како и со другите вакцини, рекол Каиќ, пренесуваат хрватските медиуми

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот