Словенија го најде наследникот на „Вујо мајсторе“

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната федерација на Словенија го назначи Љубомир Врањеш за нов селектор на машката репрезентација. Тој доаѓа на местото на Веселин Вујовиќ кој од 2015 година ја предводеше репрезентацијата но минатиот месец доби отказ.

По отказот на миленикот на „комитите“ се споменуваа неколку имиња како, Хуан Карлос Пастор од ПИК сегед, досегашниот асистент Урош Зорман, но довербата да ја предводи Словенија на претстојното ЕП кое ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Австрија, ја доби сегашниот тренер на Кристианштад.

Врањеш веќе има искуство во водење на репрезентации, тој во минатото беше селектор на Србија и на Унгарија, а беше тренер и на Фленсбург и на Веспрем.
Словенија на ЕП 2020 е во група со Шведска, Полска и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот