Словенија ги зајакнува граничните контроли поради илегалната миграција

Фото: МИА

По примерот на Италија, Словенија ги зајакнува граничните контроли поради илегалната миграција.

Како што неофицијално дознава 24ур, полицијата веднаш по граничните премини поставила контролни пунктови на кои може безбедно да запира возила и тоа на местата: кај железничкиот надвозник во градот Ригонце кај преминот Хармица, на пунктот Трновец кај Метлица, Обрежје кај Калин, но и на границата со Италија – во градовите Ракитовец, Подгорје и Сочерга во областа на ПУ Копер.

Зад граничниот премин Обрежје, најголемиот патен премин меѓу Хрватска и Словенија, полицијата организирала патроли.

Тие наведуваат дека по влезот на Хрватска во Шенген, бројот на мигрантите кои илегално доаѓаат во Словенија се зголемил. Словенечката полиција од почетокот на годинава до крајот на август обработила 36.137 илегални гранични премини меѓу Словенија и Хрватска. Во истиот период лани обработени се 13.601 неовластено внесување.

Додаваат и дека се зголемува бројот на нелегални гранични премини низ Европа. И покрај Шенген, Австрија веќе подолго време ја проширува граничната контрола со Словенија и Унгарија.

Европската агенција за заштита на границите Фронтекс пред неколку дена објави дека, со оглед на неодамнешното зголемување на бројот на мигранти кои пристигнуваат на островот Лампедуза, ќе ја зголеми поддршката за Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот