Словенија ги шокира Полјаците, супер дербито за Холандија (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Холандија продолжува да воодушевува со игрите и во големото европско дерби во Хамбург ја совлада Германија со 2:4. Овој триумф претстаувва реванш за поразот од првото коло од квалификациите (2:3).

Германците поведоа преку Гнабри во 9. минута и тој резултат беше активен до втортоо полувреме кога „лалињата“ за седум минути преку Френки де Јонг и автоголот на Таха направија пресврт. Крос донесе израмнување во 73. минута, но победата и трите бодови ги донесоа Мален и Вајналдум во финишот од средбата.

Лидерот во нашата група, Полска го доживеа првиот пораз во квалификациите. Полјаците загубија на гостувањето во Словенија со 2:0 и тоа благодарение на головите на Струна и Спорар.

Убедлив триумф оствари и Хрватска на гостувањето во Словачка, победувајќи со 0:4. Влашиќ, Перишиќ, Петковиќ и Ловрен беа стрелци за Хрватска која по лошиот старт, влегува во победнички ритам.
Герет Бејл е херојот на Велс, постигнувајќи гол во 85 минута за триумф од 2:1 над Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот