Словенија: Бројот на слободни работни места достигна рекордно високо ниво

Кафуле во Љубљана, Словенија
Кафуле во Љубљана, Словенија / Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Во Словенија во вториот квартал од годината има речиси 25 900 слободни работни места – највисока бројка откако националниот завод за статистика почна да ги објавува тие податоци во 2008 година.

Најголем дел од слободните работни места се во угостителството.

Отворените работни места во вториот квартал се зголемени за 6 отсто во однос на првиот квартал и за една четвртина, или речиси 5100 слободни работни места, во однос на вториот квартал минатата година.

Побарувачката за вработени во периодот беше посилна во сите сектори освен рударството, производството и недвижностите.

Сепак, најголема побарувачка имало во хотелиерството, каде во вториот квартал имало 1100 повеќе слободни позиции во однос на истиот период лани.

Во меѓувреме, бројот на работни места во сите сектори е за 19 300 поголем на годишно ниво, според словенечкиот завод за статистика, показател што постојано расте од вториот квартал на 2014 година, освен вториот квартал од 2020 година, кога изби епидемијата на ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот