Словенија бележи дневен рекорд на заразени лица со Ковид од 4 март

Ковид амбуланта во Словенија/ Фото: ЕПА

Во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 79 нови случаи на коронавирус што е дневен рекорд од појавата на првиот случај на Ковид-19 во земјата на 4 март, покажуваат најновите податоци на Владата.

Во моментов има 590 активни случаи. Вкупно 33 пациенти се наоѓаат во болници од кои четворица се сместени на интензивна нега, според податоци на страницата covid-19. sledilnik.org.

Словенците вчера не пријавија ниту еден смртни случаи, па вкупниот број на починати лица во земјата остана на 135 починати.

Од појавата на првиот случај на Ковид-19 во Словенија се регистрирани вкупно 3.312 заразени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот