Словенија: 2.429 новозаразени и 57 мртви од ковид-19 во последните 24 часа

Болница во Словенија/Фото: EPA

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 2.429 лица заразени со коронавирусот, што е трет рекорден дневен број на новозаболени луѓе.

Во последните 24 часа починале уште 57 пациенти со ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.547, јави агенцијата СТА.

Бројот хоспитализирани во моментов е 1.285 откако вчера беа отпуштени 88 пациенти, а бројот на пациенти на интензивна нега е намален за 11 и денеска изнесува 199.

Од почетокот на пандемијата во Словенија, потврдени се вкупно 79.535 случаи на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот