Словенечките новинари протестираат бидејќи државата ги намали субвенциите за медиумите

Словенечки премиер Јанез Јанша/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Словенечкото новинарско друштво (ДНС) протестирало против најавите за намалување на веќе одобрените субвенции за медиумите во оваа година бидејќи министерството за култура објавило дека заради коронакризата ќе исплати само 30 отсто од веќе одобрените 2,67 милиони евра.

ДНС заради тоа во изјава за јавноста наведува дека најостро ја осудува политиката „која во име на спасување на едни, уништува други, односно медиумите“.

Токму во време на епидемијата на Ковид-19 се покажа непроцененливата вредност на медиумите за информирање на јавноста, предупредување на лажни информации и во контрола на власта, наведуваат новинарите.

Тие како позитивен пример ја истакнуваат Шведска која во сегашната коронакриза на медиумите им одобри помош од 200 милиони евра.

„Можеме да се запрашаме колку воопшто медиумите ќе ја преживеат оваа криза“

Слично направи и соседната Австрија која за време на епидемијата значително ги зголеми субвенциите за медиумите.

„Можеме да се запрашаме колку медиумите воопшто ќе ја преживеат оваа криза, колку работни места на новинарите ќе бидат изгубени и кој воопшто ќе сака да ги финансира медиумските содржини на словенечки јазик“, се наведува во изјавата на новинарите.

Ситуацијата во медиумите додатно ја отежнува и падот од приходи од огласи, токму заради пандемијата.

Други потешкотии се ограниченост на малиот медиумски пазар и непознатите за какви последици големото намалување на субвенции ќе има врз регионалните и локални медиуми кои најмногу зависат од таква помош, предупредува ДНС во изјавата.

Наместо радикално намалување на парите добиени на јавен тендер за програми кои веќе се реализираат, владата во тешката ситуација би требала да го зголеми медиумскиот фонд за субвенционирање на медиумски содржини на радио, телевизика, пишани и електронски медиуми токму заради заканувачката криза за целата новинарска професија.

Годишните средства владата би требала да ги зголеми на десетина милиони евра и тоа со мерки како ослободување од плаќање на ДДВ.

На тој начин би осигурала стабилност за финансирање на медиумите, наведува словенечкото друштво на новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот