Словенечките медиуми: Северна Македонија конечно на европскиот пат

Дел од словенечките медиуми утринава објавија дека на денешниот состанок на министрите за европски и надворешни работи на земјите членки на Европската Унија ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Државната Телевизија Словенија во текст со наслов „Северна Македонија и Албанија конечно на европскиот пат” пишува дека ќе биде донесена одлука за преговори.

– Франција, Холандија и Данска во минатото не беа наклонети кон проширувањето, а од другите членки на Унијата одлуката да не се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија беше означена како историска грешка, објави Телевизија Словенија на својата интернет страница.

Весникот „Дело”, пак, пишува дека и во време на глобална пандемија со коронавирусот, сосема е извесно дека конечно ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот