Словенечките медиуми пренесуваат за ратификацијата на Протоколот за НАТО

Словенечките медиуми детално известуваат за синоќешното ратификување на Протоколот за членство во НАТО. Телевизија Словенија во текст со наслов „Северна Македонија со словенечка помош го ратификуваше протоколот за НАТО” акцент става на присуството на претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан.

Телевизијата известува дека покрај поддршката, која Словенија и ја дава на Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија, Жидан со властите во Скопје разговарал и за подобрување на и онака добрите економски односи меѓу двете земји.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, за ратификацијата на протоколот објави и ПОП ТВ. Во извештајот се наведува дека по ратификацијата на Протоколот, единствена пречка за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО е Шпанија, која се очекува набрзо да го ратификува протоколот по што целата процедура ќе се затвори. Телевизијата, исто така, објави дека речиси сите пратеници гласаа “За” ратификацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот