Словенечките кошаркари пушат, пијат, играат покер и растураат на Игрите во Токио

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Кошаркарската репрезентација на Словенија по првите две кола на олимпскиот турнир во Токио имаат две победи од два натпревари и притоа постигнаа 234 поени. Словенија денеска со 116:81 ја декласира Јапонија, додека во првото коло ја потопи и Аргентина со 118:100 и покажаа дека се кандидати за висок пласман.

И додека за игрите на Лука Дончиќ и останатите кошаркари, медиумите со прави ги креваа во облаци, самите играчи на необичен начин ја прославија победата над Аргентина во првото коло.

Тие во соблекувалната играа покер, и пиеја водка, а дел од нив запилија и цигара.
„Виновник“ за оваа информација е шпанската кошаркарка Кристина Оувиња која ги објави фотографиите на социјалните мрежи.

фото: Instagram/Cristina Ouviña

Но, селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, не гледа ништо лошо во однесувањето на неговите кошаркари.
– Ништо не направија спротивно од некакви пропишани правила. Во екипата има одлична атмосфера, хармонија, момците одлично се согласуваат и тоа е се што ме интересира. Не гледам никаков проблем – рече селекторот Секулиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот