Словенечкиот премиер укажа на проблеми во коалицијата

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

=Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска во Парламентот изјави дека неговата владина коалиција се соочува со проблеми, кои би можеле да значат „почеток на крајот” доколку не се дојде до компромисни решенија.

–  Во коалицијата има пет партии и тешко е сите да се усогласат, изјави Шарец на почетокот на парламентарната расправа за буџетите за следните две години, околу што дојде до тензии во коалицијата.

Шарец оцени дека доколку нема подготвеност за компромис, има други опции. На својот Фејсбук профил Шарец вчера ја спомна опцијата за формирање друга коалиција.

Тој ја исклучи можноста за предвремени парламентарни избори, појаснувајќи дека тоа не би им одговарало на повеќето партии во сегашниот состав на Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот