Словенечкиот премиер Шарец: Нема потреба да се затвораат границите поради коронавирусот

Инаку, во Словенија сè уште нема ниту еден потврден случај на лице заразено со коронавирус.

Словенечкиот премиер во оставка Марјан Шарец, изјави дека тие што повикуваат на затворање на границите поради коронавирусот само шират паника.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Шарец смета дека затворањето на границите нема да го спречи ширењето на вирусот, а само ќе предизвика нарушување на нормалното снабдување на земјата што би било контрапродуктивно.

– Ситуацијата мораме да ја третираме многу совесно и сериозно, но и да се воздржиме од ширење на паника. Доколку има потреба државата е подготвена да ги искористи сите механизми за спречување на ширењето на вирусот – изјави Шарец.

Инаку, во Словенија сè уште нема ниту еден потврден случај на лице заразено со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот