Словенечкиот премиер Јанша го повика директорот на државната новинска агенција СТА да поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/OHAD ZWINGENBERG / POOL

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска го повика директорот на Словенечката новинска агенција (СТА), Бојан Веселинович да поднесе оставка.

– Време е директорот, како политички инструмент на крајната левица, да даде оставка и да преземе одговорност за своите незаконски постапки и да овозможи СТА да работи нормално и да се развива, напиша Јанша на Твитер.

Агенцијата пренесува дека се обратила до кабинетот на премиерот за објаснување за тоа на какви незаконски акции мислел Јанша.

Словенечкиот премиер, исто така, тврди дека откако Веселинович е на чело на СТА, „се отпуштаат новинари кои имаат фатално заболување, а лагите често се продаваат како вистина”.

Повикот на Јанша за оставка на Веселинович доаѓа по повеќемесечна расправија меѓу раководството на СТА и владата околу начинот на финансирање на новинската агенција, која, според стандардниот договор со владата, добива финансирање половина од државата додека остатокот од средствата се од други извори, јави Хина.

Раководството на СТА и новинарите во последните месеци предупредуваа дека владата одбива да го обнови договорот, со што се доведува во прашање опстанокот на агенцијата и социјалната позиција на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот