Словенечкиот премиер: Ако ЕУ се распадне, сите ќе пропаднеме

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Словенечкиот премиер Марјан Шарец ја спореди ситуацијата во Европа со онаа пред започнувањето на Втората светска војна, кога европските политичари не му се противеле на Хитлер.

Тој оцени дека ЕУ во иднина мора побрзо и поодлучно да носи одлуки, за да може да одговори на големите предизвици на денешницата.

– Популистите во Европа напредуваат бидејќи умерените партии и политичките сили не беа успешни и доволно проактивни во изнесувањето на своите агенди. Ако само седиш и чекаш што ќе се случи, тогаш популистите се многу гласни и добиваат многу политички простор, нагласи Шарец.

Словенечкиот премиер смета дека „денешните доминантни европски политичари и официјални претставници на Унијата бавно одлучуваат во новите историски околности“.

– На ЕУ и треба ново и поефикасно раководство, ако сака успешно да му се спротивстави на популистичкиот бран и се поголемото влијание на Русија и Кина – изјави Шарец.

Според него, „ако ЕУ се распадне, тогаш сите ќе пропаднеме. Тоа е брутално, но вистинито“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот