Словенечки НВО: Владата да го откаже договорот со Хрватска за враќање на мигрантите

Фото: Илустрација

Мигрантите кои се наоѓаат на нејзина територија, „масовно” ги депортира во Хрватска, притоа без да им издаде писмено решение, ниту можност за жалба, наведуваат словенечките невладини организации.

Словенечките невладини организации побараа од својата Влада да го откаже договорот со Хрватска за враќање на илегалните мигранти, повикувајќи се на извештаи за наводен нехуман третман од страна на хрватската полиција.

Претставници на Амнести Интернешнал Словенија (АИС), Правни информации (ПИЦ) и Работната група за азил денеска одржаа заедничка прес-конференција на која повторно се осврнаа на нехуманите услови во бегалските кампови во БиХ, на незаконското постапување од страна на словенечката полиција која ги враќа мигрантите кон Република Хрватска и на грубите постапки на хрватската полиција кон барателите на азил, јави словенечката новинска агенција СТА.

– На тој начин се создава „една од најголемите хуманитарни кризи во Европа”, за која придонесува и Словенија, бидејќи мигрантите кои се наоѓаат на нејзина територија, „масовно” ги депортира во Хрватска, притоа без да им издаде писмено решение, ниту можност за жалба, наведуваат словенечките невладини организации.

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар на почетокот на неделата истакна дека Словенија минатата година успешно вратила 16.000 илегални мигранти во Хрватска и дека трендот на нелегално влегување е во пораст последните четири години, а се очекува да продолжи и во наредните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот