Словенечка партија бара смена на својата претседателка

Фото: EPA

Словенечките медиуми објавија дека Пивец, заедно со своите двајца синови, во текот на летото, за време на продолжените викенди, посетувала туристички региони, при што наводно, некои од сметките ги плаќале општините и некои бизнисмени.

Сите пратеници од Демократската партија на пензионери (ДЕСУС), една од четирите партии во Владата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, денеска ја повикаа претседателката на својата партија Александра Пивец веднаш да поднесе оставка бидејќи го нарушува имиџот на партијата.

– Предлагаме веднаш да поднесе неотповиклива оставка, а доколку тоа не го стори, Советот на партијата да и изрече недоверба и да ја смени, изјави шефот на пратеничката група на ДЕСУС Франц Јурша.

Петмината пратеници оценуваат дека поради Пивец партијата е обележана со афери, што, според нив, е неприфатливо.

Словенечките медиуми објавија дека Пивец, заедно со своите двајца синови, во текот на летото, за време на продолжените викенди, посетувала туристички региони, при што наводно, некои од сметките ги плаќале општините и некои бизнисмени, иако патувањата биле заведени како службени, а тршоците надоместени од државниот буџет.

На барањето на пратеничката група да одржат состанок и да даде појаснување, таа замина на годишен одмор. Претходнo негираше дека е во „судир на интереси” и дека нејзините афери се „надуени”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот