Словенечка крос кантри скијачка загина во Норвешка

фото: SLOSKI.SI / MATEVZ_PERSIN

Младата словенечка крос кантри скијачка Хана Јамник трагично почина во Норвешка, објави Скијачката федерација на Словенија. Младата 19-годишна скијачка го загуби животот на подготовките за новата сезона.

Иако норвешката полиција не соопштува детали за несреќата, медиумите од оваа скандинавска земја пренесуваат дека Јамник починала од последици од трагичен инцидент, односно била прегазена од камион.

Имено, Јамник влера утрината, во 8:41 часот излетала од стазата додека тренирала и била удрена од камион на магистралниот пат 523. Словенечката скијачка со хеликоптер била пренесена во клиничкиот центар во Ставангер каде им подлегнала на повредите.

Возачот на камионот е обвинет за кршење на сообраќајните правила, но тој не ја признава вина и тврди дека станува збор за трагична несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот