Словенците повторно обврзани да носат маски во сите затворени простории

Словенечката Влада одлучи од денес повторно да бидат воведени некои рестриктивни мерки за граѓаните по појавата на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

По препорака на епидемиолозите, сите граѓани повторно се обврзани да носат заштитни маски сите затворени простории. Истото важи е за верските објекти каде што верниците нема да смеат да влезат доколку немаат соодветна заштитна опрема.

Повторно е наредно да се постават средства за дезинфекција на повеќе места, а сите граѓани при влегување во затворени простори задолжително ќе мораат да си ги дезинфицираат рацете.

Од Националниот институт за јавно здравје соопштија дека денес повторно се регистрирани шест новозаразени лица со вирусот. Најголем дел од овие случаи се увезени, поради што од институтот побара да се сменат правилата за влез во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот