Словенците летните одмори ќе ги поминат во земјата

Izola. Slovensko obalno mesto Izola.

Словенците од државата ќе добијат ваучер од 200 евра за да уплатат сместување во домашните туристички капацитети.

Повеќе од 66 отсто од Словенците се уште не знаат дали и каде ќе ги поминат летните годишни одмори, покажа истражувањето на агенцијата Медијана.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, 38 отсто од испитаниците би летувале дома во Словенија, а најголем дел од нив тоа би го направиле во туристичките центри покрај морето.

Според агенцијата доколку не постоеја ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот една третите од Словенците одморот ќе го поминеа во соседна Хрватска.

Државата со цел да го стимулира летувањето во Словенија одлучи на сите полнолетни граѓаните да им даде неповратен вредносен ваучер од 200 евра кој ќе биде наменети исклучиво за плаќање на сместувањето во домашните туристички капацитети.

Ваквите ваучери ќе важат веќе од први јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот