Словенците изгласаа забрана за работа во недела и за празници

Продавниците во Словенија во недела и за празници ќе бидат затворени, одлучија пратениците во парламентот. Со измените во законот за трговија, за чие усвојување вчера во Народното собрание гласаа 72 од 88 пратеници, со ретки исклучоци, им забранува работа на продавнците во недела и за празници.

Од забраната се изземени продавниците со продажен простор до 200 квадратни метри на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и во болниците, пренесува Индикатор.ба.

Исто така, во недела и на државните празници ќе бидат отворени и преостанатите мали продавници со работна површина до 200 квадратни метри, ако во нив работите ги извршуваат трговски субјекти, односно нивните преставници, но и ученици, студенти и пензионери.

Стопанската комора на Словенија се спротивставува на амандманите усвоени вчера и најави можност за оценување на уставноста на оваа законска одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот