Словенците ги задржаа шансите за полуфинале по победата над Португалија

https://men2020.ehf-euro.com/Anze Malovrh

Ракометарите на Словенија беа подобри од пријатното изненадување на Европското првенство, Португалија.

Словенија со 29:24 ја совлада Португалија и ја оправда улогата на фаворит во овој натпревар. Иако Португалците на полувремето имаа минимална предност (14:15), во вториот дел ракометарите на Словенија успеаја со одлична игра во одбраната да го запрат противникот, пред се Андре Гомеш, и да дојдат до предност која не ја испуштија до крајот.

Блаж Јанц со седум гола, Јуре Доленец и Блаж Мачковшек дадоа по шест гола, додека кај Португалија покрај Андре Гомеш и неговите шест гола, се истајна голманот Алфредо Квинтана со 15 одбрани.

Португалија со денешниот пораз ги загуби шансте за освојување на едно од првите две места во групата 2 кои носат пласман во полуфиналето, додека Словенија е на чекор до пласман меѓу најдобрите четири репрезентации на ЕП, до што може да стигне и со пораз во следното коло од Норвешка, доколку во корист на Словенците завршат резултатите на останатите средби во оваа група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот