Словенци заинтересирани за Македонска пошта, потврди Груби

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Вицепремиерот Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ 24 одговори потврдно на прашањето дали Словенци се заинтересирани за купување на Македонска пошта.

Тој рече дека во наредниот период СДСМ ќе раководи со Македонска пошта и дека се надева ќе се изнајде најдобро решение и дека ќе има добра понуда.

Ќе се приватизира Пошта и други компании кои работат со загуби

За приватизирањето на Македонска пошта вчера реагираше опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека тоа е продажба на државна сопственост, а со тоа СДСМ купува социјален мир.

Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир. Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија- реагираа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали има опасност за македонскиот јазик, вицепремиерот Груби одговори дека според тоа што го знае нема никаков ризик.

– Нема никаква опасност и по македонскиот јазик и по македонскиот народ и по македонскиот етникум и по нашата заедничка држава и сметам дека Бугарија е и ќе остане нашиот најголем поддржувач на нашиот пат кон ЕУ. Треба да најдеме заеднички јазик и сите тие моменти коишто ни се заеднички во историјата заеднички да ги прославуваме и заеднички да ги одбележуваме. Нема ништо лошо во тоа, има многу светски личности коишто се слават и коишто се одбележуваат во повеќе држави, дури и во светски размери, така што и историските личности коишто не зближуваат како две држави мислам дека има простор да ги одбележуваме и заеднички да ги славиме, изјави Груби.

Груби: Сите прашања со пријателска Бугарија ќе ги надминеме со дијалог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот