Словачка воведе нови мерки за ограничување на движењето на луѓето

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Словачка донесе нови мерки за ограничување на движењето на луѓето, откако беше потврден најголемиот број новозаразени во земјата од почетокот на пандемијата.

Од денеска на словачките граѓани ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, да купуваат храна и лекови во најблиските продавници и аптеки, да одат на лекар, да се тестираат за коронавирусот и да одат на погреби. Исто така, дозволено е да се излезе за да се прошетаат кучињата на растојание до 100 метри од куќата, и доколу се оди одите во парк, тој мора да биде во општината каде живеат.

Во Словачка, 2.890 нови случаи на Ковид-19 беа потврдени во претходните 24 часа, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во земја со 5,4 милиони жители, вкупно над 40.800 лица биле заразени со вирусот, додека 159 пациенти починале како резултат на Ковид-19.

Словачките власти вчера започнаа со тестирање на граѓани кои живеат во четирите области најпогодени од пандемијата. Спроведувањето на антиген тестови во овие области ќе трае до една недела, а подоцна ќе се прошири низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот